На 21 Февруари 2019 година во седиштето на Европската Комисија во Брисел, Претседателот на Советот на Експерти на Агенцијата за Супервизија на Осигурување г-нот Климе Попоски оствари средба со г-нот Kyriacos Charalambous, член на Кабинетот на Комисионерот Јоханес Хан.
Целта на работната средба претставуваа прашања за регионален развој на осигурителниот сектор во земјите од Западен Балкан. Земјите од Западен Балкан имаат најнизок степен на развој на осигурувањето во споредба со просекот на земјите од ЕУ, меѓутоа во последните 10 години покажуваат повисоки стапки на раст од просечните стапки на пораст во ЕУ регионот. Големиот потенцијал за иден развој, потребата од зајакнување на поголема регионална соработка помеѓу земјите на Западен Балкан во реализација на регионални проекти за подршка на растот на осигурителниот сектор, како и усогласување со законодавтството на ЕУ во областа на осигурувањето беа предмет на дискусија. Беше разговарано за потребата од поинтензивна регионална соработка и заеднички активности и мерки за унапредување на осигурителната индустрија во регионот на Западен Балкан, како и за можноста истите да бидат разгледани во рамките на иницијативата за Регионална Економска Област, како составен дел од Советот за Регионална Соработка и Берлинскиот процес.