Во врска со обврската на друштвата за осигурување за усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018), Агенцијата за супервизија на осигурување известува за следното:

 

Согласно членот 66 од Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018), друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурително брокерските друштва, застапниците во осигурување, осигурителните брокери и актуари беа должни да се усогласат со одредбите од овој закон во рок од 12 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон односно најдоцна до 7.11.2019 година.

 

Согласно горенаведената законска одредба, друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурително брокерските друштва, застапниците во осигурување, осигурителните брокери и актуари беа должни да се усогласат со следните одредби од Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.27/2002, 79/2007, 88/2008, 67/2010, 44/2011, 188/2013, 112/2014, 153/2015, 192/2015, 23/2016, 83/2018 и 198/2018 во натамошниот текст: Законот):

 

  1. Друштвата за осигурување да ги усогласат:
  • Акционерите – иматели на квалификувано учество во друштвото со одредбите од членот 14 од Законот;
  • Органот на управување со одредбите од членот 23 од Законот;
  • Надзорниот орган со одредбите од членот 28 од Законот.

 

  1. Друштвата за застапување во осигурување да ги усогласат усогласат акционерите – иматели на квалификувано учество во друштвото со членот 134-г а во врска со членот 14 од Законот.

 

  1. Осигурително брокерските друштва да ги усогласат акционерите – иматели на квалификувано учество во друштвото со одредбите од членот 146 а во врска со членот 14 од Законот.

 

  1. Банките кои имаат согласност за вршење работи на застапување во осигурување со одредбите од членот 134-г а во врска со членот 14 од законот.
  2. Лицата кои имаат лиценца за застапник во осигурување да се усогласат со одредбите од членот 134-в од Законот.

 

  1. Лицата кои имаат лиценца за осигурителен брокер да се усогласат со одредбите од членот 138 од Законот.

 

  1. Лицата кои имаат дозвола за работа како овластен актуар да се усогласат со одредбите од членот 112 од Законот.

 

И покрај тоа што Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување е објавен во “Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018, со цел навремено информирање на друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурително брокерските друштва, овластените актуари, застапници во осигурување и осигурителните брокери со нивната обврска за усогласување, Агенцијата за супервизија на осигурување на ден 31.5.2019 година до сите субјекти – правни лица испрати Известување со кое ги запозна уште еднаш со нивната обврска за усогласување. Истовремено, истиот ден, Агенцијата на својата веб страница објави и Соопштение за усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018).

 

Заклучно со истек на рокот  предвиден за усогласување – 7.11.2019 година, дел од субјектите кои имаа обврска да се усогласат, ова не го направија, или до Агенцијата доставија некомплетна документација за докажување на исполнувањето на предвидените законски услови.

 

Со цел излегување во пресрет на субјектите кои не биле информирани за нивната обврска за усогласување или кои од какви било други причини до Агенцијата не доставиле документација за усогласување во предвидениот рок, Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување одлучи да овозможи дополнителен период за усогласување на овие субјекти.

 

 

 

Согласно одлука на Советот на експерти, периодот за усогласување на сите субјекти се продолжува заклучно до 28.2.2020 година во рамки на кој период сите субјекти до Агенцијата се должни да ги достават бараните документи (целосно комплетирани), наведени во Прилог 1 од ова Известување.

 

Напоменуваме и апелираме до субјектите сериозно да ја разберат нивната обврска за усогласување со законот со оглед дека доколку истите не се усогласат (најдоцна до 28.2.2020 година), Агенцијата за супервизија на осигурување ќе постапи согласно своите законски надлежности односно ќе ја одземе дозволата за вршење работи на осигурување, осигурително брокерски работи односно работи на застапување во осигурување односно лиценцата за застапник во осигурување односно осигурителен брокер.

 

Сите документи за усогласување кои ќе пристигнат после 28.2.2020 година како и документите кои ќе пристигнат во Агенцијата нецелосни (некомплетни) – нема да бидат земени во предвид.

 

За било какви пршања поврзани со постапката и потребната документација за усогласување, можете да ја контактирате  Агенцијата за супервизија на осигурување – Стручна служба за регулатива и лиценцирање преку телефонскиот број: 02 3254 050 (централа).

 

Со почит,

 

АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ

Претседател, на Советот на експерти,

Крсте Шајноски

 

 

 

ПРИЛОГ 1

 

  1. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ДРУШТВАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

Во однос на акционерите – иматели на квалификувано учество (правни лица):

  1. Потврда од Централен регистар односно друг јавен регистар дека против правното лице нема изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење дејност во областа на осигурувањето и финансиите;
  2. Потврда од Централен регистар односно друг јавен регистар дека на правното лице не му е изречена споредна казна и тоа забрана за добивање дозвола за основање и работа на друштво за осигурување, одземање на дозвола за основање и работа на друштво за осигурување, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење на работи на осигурување.

 

Во однос на акционерите – иматели на квалификувано учество (физички лица):

  1. Потврда од Централен регистар или друг јавен регистар дека против лицето нема изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење професија, дејност или должност, во областа на осигурувањето и финансиите;
  2. Потврда од казнена евиденција на надлежен суд дека лицето не е осудено со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци, сè додека траат правните последици од пресудата, за кривичните дела против имотот, кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривичните дела против службената должност, како и кривичните дела фалсификување исправа, посебни случаи на фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, употреба на исправа со невистинита содржина и надриписарство од Кривичниот законик;
  3. Изјава на лицеТО, дека во последните три години не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице во кое била воведена посебна управа или над кое е отворена стечајна или ликвидациона постапка.

 

Во однос на членовите на органот на управување на друштвото (членови на Управен одбор и Извршни членови на Одбор на директори) и членовите на надзорниот орган:

  1. Потврда од Централен регистар или друг јавен регистар дека против лицето нема изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење професија, дејност или должност, во областа на осигурувањето и финансиите;
  2. Потврда од надлежен суд дека лицето не е осудено со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци за кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривични дела против службената должност, како и кривични дела фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, употреба на исправа со невистинита содржина и надриписарство од Кривичниот законик, се додека траат правните последици на пресудата;
  3. Изјава на лицето дека не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице во кое била воведена посебна управа или над кое е отворена стечајна или ликвидациона постапка.

 

  1. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ДРУШТВАТА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ, ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА И БАНКИ КОИ ВРШАТ РАБОТИ НА ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ

Во однос на акционерите – иматели на квалификувано учество (правни лица):

  1. Потврда од Централен регистар односно друг јавен регистар дека против правното лице нема изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење дејност во областа на осигурувањето и финансиите;
  2. Потврда од Централен регистар односно друг јавен регистар дека на правното лице не му е изречена споредна казна и тоа забрана за добивање дозвола за основање и работа на друштво за осигурување, одземање на дозвола за основање и работа на друштво за осигурување, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење на работи на осигурување.

 

Во однос на акционерите – иматели на квалификувано учество (физички лица):

  1. Потврда од Централен регистар или друг јавен регистар дека против лицето нема изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење професија, дејност или должност, во областа на осигурувањето и финансиите;
  2. Потврда од казнена евиденција на надлежен суд дека лицето не е осудено со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци, сè додека траат правните последици од пресудата, за кривичните дела против имотот, кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривичните дела против службената должност, како и кривичните дела фалсификување исправа, посебни случаи на фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, употреба на исправа со невистинита содржина и надриписарство од Кривичниот законик;
  3. Изјава на физичкото лице, дека во последните три години не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице во кое била воведена посебна управа или над кое е отворена стечајна или ликвидациона постапка.

III. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАСТАПНИЦИТЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ, ОСИГУРИТЕЛНИТЕ БРОКЕРИ И АКТУАРИ – ФИЗИЧКИ ЛИЦА

  1. Потврда од Централен регистар или друг јавен регистар дека против лицето нема изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење професија, дејност или должност, во областа на осигурувањето и финансиите;
  2. Потврда од казнена евиденција на надлежен суд дека лицето не е осудено со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци, сè додека траат правните последици од пресудата, за кривичните дела против имотот, кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривичните дела против службената должност, како и кривичните дела фалсификување исправа, посебни случаи на фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, употреба на исправа со невистинита содржина и надриписарство од Кривичниот законик;
  3. Изјава на физичкото лице, дека во последните три години не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице во кое била воведена посебна управа или над кое е отворена стечајна или ликвидациона постапка.

 

  1. I ФОРМА И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

Друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурување и осигурително брокерските друштва, лицата кои имаат лиценца за застапник во осигурување и осигурителен брокер и лицата кои имаат дозвола за овластен актуар се должни документацијата предвидена за усогласување со Законот да ја достават до Агенцијата за супервизија на осигурување во хартиена форма со назнака УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЗАКОНОТ.

Сите потврди се доставуваат во оригинал или копија заверена кај овластено лице (нотар). Изјавата треба да биде нотарски заверена.

Во однос на странски правни лица, покрај потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија се доставува и Потврда од надлежен регистар односно надлежен орган од државата каде е регистрирано седиштето на правното лице. Во однос на странски физички лица, покрај потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија се доставува и Потврда од надлежен регистар, надлежен суд односно друг надлежен орган од државата чиј државјанин е лицето.

Доколку законодавството на земјата од која доаѓа странското лице кое има намера да основа друштво за осигурување поинаку ја регулира материјата во врска со документацијата која се доставува кон барањето за издавање дозвола од член 1 од овој правилник, треба да се приложи соодветен документ, или правно мислење од адвокат, со кој ќе може да се потврди разликата во регулативата, односно ќе се обезбеди друг релевантен документ со кој би се потврдило исполнувањето на предвидената законска обврска.