Почитувани,

Согласно член 158-б став (1) точка 4) од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/02, 84/02, 98/02, 33/04, 88/05, 79/07, 8/08, 88/08, 56/09, 67/10, 44/11, 112/11, 7/12, 30/12, 45/12, 60/12, 64/12, 23/13 , 188/13, 43/14, 112/14, 153/15, 192/15, 23/16, 83/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/19 и 31/2020 (во натамошниот текст: Законот)), „Агенцијата во рамките на своите надлежности донесува подзаконски акти за спроведување на овој закон и другите закони во нејзина надлежност и други акти во насока на пропишување услови, начин и процедури за спроведување на супервизијата.“.

Во таа насока, Ве известуваме дека Агенцијата изготви Предлог содржина за нов Правилник за минималните стандарди за пресметка на техничките резерви со кој треба да се замени Правилникот за минималните стандарди за пресметка на техничките  резерви („Службен весник на Република Македонија“ бр. 187/2013).

На 10.12.2020 година, Агенцијата ќе организира целодневна работилница со почеток од 09:00 часот, преку Вебекс платформата. За таа цел потребно е да номинирате најмалку едно лице, а најмногу две лица, кои ќе присуствуваат на работилницата. Друштвата за осигурување кои имаат вработено/ангажирано повеќе од еден овластен актуар може да ги номинираат сите овластени актуари и најмногу уште едно друго лице вработено/назначено во друштвото за осигурување. Во насока на подготовка на работилницата,  Ве молиме најдоцна до 7.12.2020 година, да потврдите присуство на учесници и да доставите нивна емаил адреса. Ве молиме учеството потврдете го на следната емаил адреса: ivana.todorov@aso.mk

На Вашите емаил адреси дополнително ќе биде проследен линк за учество на работилницата.

Со цел зголемување на ефикасноста на работата за време на работилницата препорачуваме сите друштва за осигурување во меѓусебна комуникација, каде што е можно, претходно да ги консолидираат забелешките/прашањата. Исто така, укажуваме дека за постигнување на максимална ефикасност од работата за време на работилницата, забелешките и предлозите треба да бидат поттикнати единствено од целта поради која се носи Правилникот.

Ве молиме внимателно разгледајте го Правилникот и образложението за причините, ефектите и целта од донесување на нов Правилник, како и очекувањата на Агенцијата за натамошниот развој на регулативата која го регулира истото прашање.

Благодариме за соработката,

Со почит,

Агенцијата за супервизија на осигурување