Почитувани,

Оваа прилика ја користиме да Ве известиме дека Агенцијата за супервизија на осигурување на својата веб страна ја објави предлог содржината на Правилникот за минималните стандарди за пресметка на техничките резерви.  Истиот можете да го превземете тука.

Коментарите и забелешките во однос на содржината на Правилникот, Ве молиме да ги доставите најкасно до 27 септември, 2010 година на следните е-маил адреси:ratka.celakovski@aso.mk ,   slagana.miljkovik@aso.mk ,  zvonko.jovanovski@aso.mk   иivana.todorov@aso.mk .

Исто така, би сакале да Ве информираме дека Агенцијата по обезбедувањето и разгледувањето на коментарите доставени од Ваша страна, ќе организира работна средба.

Средбата ке се оддржи во просториите на Агенцијата, на 30 септември, 2010 година во 10ч. За таа цел, Ве молиме да потврдите присуство на двајца претставници (овластениот актуар и уште едно одговорно лице) од Вашето друштво.

Остануваме со желба за понатамошна успешна соработка.