Агенцијата за супервизија на осигурување издаде Брошура за осигурување во земјоделствотокоја има за цел да го промовира купувањето полиси за земјоделско осигурување како ефикасен начин за заштита на земјоделските производи од ризици кои се поврзани со временските услови, природните катастрофи, штетниците и болестите.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) со соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) ќе учествува на трибините кои се организирани од страна на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), со цел да им овозможи на земјоделците повеќе информации за предностите кои ги имаат доколку го осигураат земјоделското производство. Првата трибина беше одржана на 3.7.2012 година во село Јосифово, Валандово, а во тек на месеците јули и август 2012 година, ќе бидат посетени повеќе локации низ земјата согласно планот на АПРЗ.
Електронската верзија: