Агенцијата за супервизија на осигурување  ги информира сите заинтересирани лица дека во период од 19-21.09.2013 година и во период од 26-28.09.2013 година, ќе организира обука за Застапници во осигурување по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со Уверение за успешно положен Стручен испит потребен за добивање лиценца за Застапник во осигурување.

Сите заинтересирани кандидати, заклучно со 13-ти септември (петок) 2013 година, можат да се пријават со поднесување Пријава за учество на обука и полагање на испит за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење работи на застапување во осигурување во Агенцијата за супервизија на осигурување, на адресата: ул. ,, Васил Главинов” бр. 12, ТЦЦ Плаза, кат 2, Скопје (во архива), секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

Кон Пријавата кандидатите треба да достават:

  • Лична карта (пасош – за странски државјани) на увид
  • Доказ за завршено средно образование (IV степен) или повисок степен на образование во оригинал или заверено на нотар

Пријавата за учество на обука и полагање на испит за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење работи на застапување во осигурување може да ја превземете тука