Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување објавено на ден 31.8.2018 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 5.9.2018 година (12 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување.

 

Поради горенаведеното, Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник кои ќе бидат доставени по пополнување на максималниот можен број на кандидати, нема да бидат земени предвид.