Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи објавено на ден 31.8.2018 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 6.9.2018 година (14 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит за осигурително брокерски работи.
Поради горенаведеното, Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит за брокер кои ќе бидат доставени по пополнување на максималниот можен број на кандидати, нема да бидат земени предвид.