На 7 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување потпиша Меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност. Овој документ е во функција на зајакнување и продлабочување на соработката на двете институциии во областите кои се предмет на заеднички интерес. Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување г. Климе Попоски и Претседателот на Комисијата за хартии од вредност г-ѓа Марина Наќева Кавракова.
Се очекува преку размена на информации и податоци значително да се придонесе за понатамошен развој на македонскиот пазар на капитал како и поттикнување и обезбедување транспарентност од страна на учесниците на пазарот. Исто така, на овој начин ќе се зголеми и ефикасноста на супервизорската функција на финансиските пазари во Република Македонија
Posted by unet
Настани