Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).

Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 26-28.9.2019 и 5.10.2019 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.

Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот.

Образец Пријава брокер

Повеќе..