Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) реализираше интерактивна работилница со ученици од 2-ра година од Средното медицинско училиште “Јане Сандански”, од Штип, посветена на финансиската писменост и основите на осигурувањето.
Преку реални примери и отворена дискусија, учениците имаа можност да се запознаат со улогата на АСО како регулатор, да разберат како функционира осигурувањето, зошто е важно навремено да се препознаат ризиците и како да се носат информирани одлуки за осигурување.
Оваа активност е дел од пошироките напори на АСО за подигнување на јавната свест и зајакнување на осигурителната култура, како и поддршка на развојот на пазарот на осигурување, согласно законските надлежности.
АСО продолжува со вакви иницијативи – затоа што информираните граѓани се темел на стабилен и развиен осигурителен пазар.


