ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.4/2026
за пополнување на работни места со унапредување во Агенцијата за супервизија на осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:
1. АСО 01 01 Б03 004 Помошник Координатор на Дирекција за вонтеренска супервизија, Дирекција за вонтеренска супервизија, Стручна служба за супервизија – 1 извршител
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Високо образование;
– најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Општи работни компетенции на напредно ниво:
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни;
– раководење и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Распоред на работното време:
Работната недела трае 5 работни дена (од понеделник до петок), полното работно време изнесува 40 часа неделно односно 8 часа дневно со почетокот на дневното работно време во периодот од 7:30 часот/08:30 и завршетокот во периодот од 15:30 часот/16:30 часот. Работите и работните задачи работникот ќе ги извршува во деловните простории на работодавачот.
Висината на основната нето плата за работното место од точка 1 на овој Оглас изнесува 77.947,00 денари.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во Агенцијата за супервизија на осигурување, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво со Колективниот договор на Агенцијата за супервизија на осигурување и Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на осигурување, како и:
– да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување;
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
– да поминал најмалку две години на истото ниво; и,
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Кандидатите за работното место под редниот број 1 во прилог треба да ги приложат следните документи како доказ за исполнување на општите услови:
– Државјанство (копија);
– Диплома или уверение за завршено образование;
– Потврда за општа здравствена способност за работното место;
– Потврда за положен испит за административно управување;
– Потврда дека на кандидатот не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази во хартиена форма:
– потврди за успешно реализирани обуки и/или,
– потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран вработен во Агенцијата).
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата до архивата на Агенцијата за супервизија на осигурување, со назнака „за интерен оглас“.
Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава нема да биде разгледана.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Претседателот на Советот на експерти.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.