Тимот на Агенцијата за супервизија на осигурување, предводен од координаторот за финансиска едукација Ратка Целаковски, одржа едукативна работилница со учениците од трета и четврта година од средното стручно училиште „Саба“ во Скопје, посветена на  улогата на осигурувањето во управувањето со ризиците и надлежностите на Агенцијата за супервизија на осигурување како регулатор.

“Кажи ми и ќе заборавам. Научи ме и можеби ќе запомнам. Вклучи ме и ќе научам” – оваа мисла ја отслика суштината на работилницата, во која учениците беа поттикнати активно да учествуваат, да размислуваат и да ја согледаат поврзаноста меѓу секојдневните финансиски избори.

Преку ваквите активности Агенцијата за супервизија на осигурување ја потврдува својата посветеност во јакнењето на осигурителната свест кај младите и поддршката на образовниот процес. Соработката со училиштата претставува важен чекор кон создавање генерации кои ќе умеат да ги разбираат своите права и обврски, одговорно да управуваат со своите финансии и навремено да ја препознаваат важноста на осигурувањето.

Посетата на „Саба“ е дел од активностите на АСО со кои активно учествуваме во Деновите на финансиска писменост организирани од финансиските регулатори: АСО, КХВ, МАПАС, Народна банка и Министерството за финансии.