Годинава за прв пат АСО, во 16 годишната традиција на избор на најдобар труд, наместо еден награди тројца истражувачи. Наградените трудови понудија креативни пристапи за анализа на важни теми од областа на осигурувањето на земјоделските посеви и плодови и на предизвиците кои ги носи идното артикулирање на аниутиетите кои наскоро доспеваат во вториот пензиски столб. Третонаградениот труд ја истражуваше финасиската писменост на Z генерацијата и нејзиното влијание врз одлуките за осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) додели три награда за труд на млад истражувач на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето. Конкурсот за избор на труд на млад истражувач се огранизира традиционално, 16 години по повод, Денот на осигурувањето. Годинава АСО за прв пати доделуви награди на тројца млади истражувачи од областа на осигурувањето.

По овој повод плакетите на добитниците на награди ги доделија членови на Советот на експерти на АСО.

За најдобар труд во конкуренцијата стручната комисија го избра истражувањето на студентката Ерика Николовска со назив „Невидливите катастрофи: осигурителната покриеност на природните ризици во Македонија“ (линк) посветен на осигурувањето на земјоделските посеви и плодови.

Второнаградениот труд на студентот Филип Филиповски отвори знајачни прашања за предизвиците кои ги носи претстојната артикулација на ануитетите од вториот пензиски столб (линк).

Третонаградениот труд на студентката Сара Цветановска отвора интересна перспектива на истражување на финансиската писменост кај генерација Z и нејзиното влијание врз одлуките за осигурување.

Целта на конкурсот што традиционално се распишува е за да послужи како стимулација за развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри.

Трудовите се достапни на следниот линк https://aso.mk/po-povod-denot-na-osiguruvanjeto-1-noemvri-aso-dodeli-nagradi-na-trojcza-studenti-za-trudovi-od-oblasta-na-upravuvanje-so-riziczi-vo-osiguruvanjeto/