Новиот информациски систем ќе овозможи целосна дигитализиција на сите регистри како и процесите за прибирање, систематизација и обработка на податоци. Тоа на АСО ќе му овозможи поефикасна супервизија врз работата на сите 66 учесници на осигурителниот пазар: осигурителни компании, осигутелни брокерски друшта и друштва за застапување во осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) набави нов информациски систем кој ќе се овозможи целосна дигитализација во прибирање, систематизирање и обработка на податоците за потребите на процесите на супервизија во осигурувањето.
По тој повод денеска д-р Крсте Шајноски, претседател на АСО и Драган Оремуш, извршен директор на хрватската компанија Compliant Risk Technology го потпишаа договорот за набавка, инсталација и имплементација на новиот информациски систем за супервизија на осигурувањето (ИСА СИС 2.0). Новиот информациски систем, согласно со договорот, ќе биде ставен во функција од 1 јануари 2022 година.
Со новото софтверско решение во целост ќе се дигитализира водењето на сите регистри и ќе се направи поефикасна супервизијата на АСО врз работењето на сите 66 учесници на осигурителниот пазар: осигурителни компании, осигурителни брокерски друшта и друштва за застапување во осигурување.
Новиот информациски систем ќе го замени потоечкиот кој е во функција 10 години. Неговата промена е неминовна заради тоа што не поддржува во целост работа по директивата за Солвентност II на ЕУ и покажува ограничени функционалности. Воедно технолошката застареност и ограничените фунционалности имплицираа потреба од набавка на нов информациски систем.
Софтверското решение ќе овозможи значајно подобрување во продуктивноста и ефективноста на процесите на супервизијата на осигурување, а воедно и исполнување на сите стандарди од директивата Солвентност II. Главната функција на новиот систем е регулаторно, бонитетно известување за ризик при обработка на податоци и функција за анализа на податоци. Системот ја олеснува теренската и вонтеренската супервизијата, а исто така обезбедува неопходен внес за приоритети, а воедно и распределба и планирање на супервизорските активности. Тоа овозможува оптимална употреба на супервизорските ресурси при нови бонитетни барања. Агенцијата како примач на податоци од технички аспект ќе користи управување со шаблон за извештај, мониторинг на поднесување, портал Frontend, Backend, регистри и компоненти на политика за управување со податоци во супервизорскиот процес за подобрување на ефикасноста при работењето.
Станува збор за набавка на модерен SupTech (Supervisory Technology) информациски систем за супервизија на осигурувањето кој веќе успешно го користат регулаторните тела за супервизија на осигурување во Хрватска , Словенија и Црна Гора.
Новиот информациски систем АСО го набави од сопствени средства по спроведена постапка за јавна набавка, а неговата вредност е 36,5 милиони денари.
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните друштва, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација на населението.