НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА КОНКУРСОТ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ ‒ 1 НОЕМВРИ
- Весна Билбиловска V-2 одделение ОУ “Гоце Делчев“ Гостиваар
- Петар Зафиров V-в одделение ООУ “Димитар Поп Ѓеорѓиев Беровски“ Скопје
- Теодора Стојкова IV-6 одделение ООУ “Васил Главинов“ Велес
- Ања Бабуновска IX-2 одделение ООУ “Васил Главинов“ Велес
- Леон Наковски VIII-Б одделение ООУ “Браќа Миладиновци“ Пробиштип
- Сања Савеска VII одделение ООУ “Кузман Јосифовски Питу“ Кичево
- Теодора Јоновска IV-6 година РЦСОО “Ѓорѓи Наумов“ Битола
- Ана Ашталкоска II година СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ Струга
- Ангела Ѓорѓиоска III година СОУ “Гостивар“ Гостивар
Финансиската писменост како животна вештина-Улогата на осигурувањето

Тимот на Агенцијата за супервизија на осигурување, предводен од координаторот за финансиска едукација Ратка Целаковски, одржа едукативна работилница со учениците од трета и четврта година од средното стручно училиште „Саба“ во Скопје, посветена на улогата на осигурувањето во управувањето со ризиците и надлежностите на Агенцијата за супервизија на осигурување како регулатор.
“Кажи ми и ќе заборавам. Научи ме и можеби ќе запомнам. Вклучи ме и ќе научам” – оваа мисла ја отслика суштината на работилницата, во која учениците беа поттикнати активно да учествуваат, да размислуваат и да ја согледаат поврзаноста меѓу секојдневните финансиски избори.

Преку ваквите активности Агенцијата за супервизија на осигурување ја потврдува својата посветеност во јакнењето на осигурителната свест кај младите и поддршката на образовниот процес. Соработката со училиштата претставува важен чекор кон создавање генерации кои ќе умеат да ги разбираат своите права и обврски, одговорно да управуваат со своите финансии и навремено да ја препознаваат важноста на осигурувањето.
Посетата на „Саба“ е дел од активностите на АСО со кои активно учествуваме во Деновите на финансиска писменост организирани од финансиските регулатори: АСО, КХВ, МАПАС, Народна банка и Министерството за финансии.
