На 16 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување одржа деловна средба со Македонското актуарско здружение “Актуар”. На средбата присуствуваа Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата,  г. Климе Попоски и актуарите во својство на членови на Здружението.

На Агендата на активности  беа поставени тековните активности на “Актуар” , неговите намери и цели за унапредување на актуарската дисциплина и нејзина соодветна примена во Република Македонија. Особено, беше потенцирано прашањето околу организирање на нов циклус на едукација, континуирано изучување и примена на актуарската наука, пришто г. Попоски во име на Агенцијата изрази безрезервна поддршка и помош. Во насока на зајакнување и продлабочување на соработката исто така, актуарите се обврзаа за активен придонес во изготвување и донесување на подзаконската регулатива согласно Законот за супервизија на осигурување, а подетално во делот кој го регулира работењето и известувањето од страна на актуарите.

 

Се очекува преку редовни средби и размена на информации и податоци значително да се придонесе за понатамошен развој на актуарството и осигурувањето во Република Македонија.