Во периодот од 2 до 5 јуни 2014 година Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се јави како организатор и домаќин на повеќе настани од регионално и меѓународно значење за супервизијата на осигурувањето. На настаните присуствуваа вкупно 81 претставници и учесници од регулаторни тела и претставници од медиумите од Македонија.

Во рамките на горенаведениот период се одржаа следниве настани:

  • Седми состанок на Иницијативата за супервизија на осигурувањето на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE Insurance Supervision Initiative)- 3 јуни 2014 година

Целта на Иницијативата за супервизија на осигурување на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE) е размена на искуства во делот на спроведување на супервизија на друштвата за осигурување како и хармонизирање на законската и подзаконската регулатива во областа на осигурувањето. Состаноците на иницијативата се одржуваат на највисоко ниво, 2 пати во текот на годината, и оваа година првиот состанок се одржа во организација на АСО.

На состанокот беа присутни вкупно 52 учесници- претставници од регулаторните тела од земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, како и еминентни професори од областа на осигурувањето и управувањето со ризици.

Дискутираните теми на состанокот ги опфаќаа следниве области:

  1. Супервизорски колеџи,
  2. Предизвиците на супервизорите во спроведувањето на барањата за групно управување,
  3. Искуството од либерализација на пазарот за автоодговорност,
  4. Улогата на осигурителниот супервизор во однос на договорите за осигурување и однесувањето на осигурителниот пазар.
  • Редовен состанок на Супервизорскиот форум на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS) – 3 и 4 јуни 2014 година

Супервизорскиот форум претставува тело во кое членуваат високи претставници на супервизорски тела на 20 земји од светот чија што цел е воспоставување на глобални стандарди за ефикасно спроведување на супервизија. Ваквите состаноци се одржуваат неколку пати годишно, а на состанокот кој се одржа во Охрид беа присутни 9 претставници од земјите членки на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS).

  • Актуарска конференција за осигурителни супервизори – 4 јуни 2014 година

За прв пат во земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, по иницијатива на АСО, се организираше Актуарска конференција со еминентни предавачи во состав на академски професори, претставници од Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS) и Регулаторот за осигурување на ЕУ (EIOPA).

Актуарите имаат важна улога во спроведувањето на супервизијата во однос на прашањето за финансиската стабилност  и солвентност на друштвата за осигурување, па затоа треба да им се оддаде посебно внимание во областа на осигурувањето. Конференцијата имаше за цел да ги собере актуарите и супервизорите од регулаторните тела во регионот со цел да се обезбеди размена на искуства и понатамошно промовирање на актуарската професија.

Заинтересираноста за актуарската конференција беше значителна и на неа присуствуваа 51 учесник од различни професии од областа на осигурувањето, меѓу кои најголемиот дел беа актуари.

На Актуарската конференција беа обработени следниве теми:

 

• Актуарите и корпоративното управување

 

г. Сергеј Симонити-  Директор на Агенција за супервизија на  осигурување, Словенија

PDF

The actuaries and corporate governance

 

г. Карел Ван Хуле – KU Лувен Факултет за економија и бизнис  администрација

PDF

The actuarial function under Solvency II

 

г-ѓа Хулијан Лиу – EIOPA, националниот експерт за

Солвентност II

PDF

Actuarial Roles under

Solvency II

• Влијанието на актуарската работа на супервизијата на осигурителните работи

 

г. Питер Браумулер – Раководител на Сектор за супервизија на  осигурување во супервизорското тело за финансиски пазари на  Австрија (FMA), Претседател на IAIS, член на Одборот на EIOPA

PDF

Presentation Braumueller Actuarial

 

г. Габор Ханак- Директор, KPMG Унгарија

PDF

Actuaries and insurance supervision

 

• Развој на актуарската професија во земјите во развој

 

г-ѓа Гордана Летица- Член на одборот на супервизорското тело  за финансиски пазари на Хрватска (HANFA)

PDF

Croatia actuarial profession Ohrid 06

 

г. Вок Жан Квон – Факултет за управување со ризици, St.John  University, New York

 

PDF

Human capital risk and management

  • Работилница на тема ”Медиумите и осигурувањето”- 05 јуни 2014 година

Работилницата имаше за цел да ги запознае претставниците на медиумите со најзначајните теми и предизвици во областа на осигурувањето во земјата и беше посетена од 13 претставници од медиумите од Р. Македонија.

На оваа работилница беа обработени следниве теми:

  • Улогата на Агенцијата за супервизија на осигурување,
  • Пазарот на осигурување во Р. Македонија,
  • Законската регулатива во Р. Македонија со посебен осврт на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот,
  • Актуелни прашања од областа на осигурување.

Овие исклучителни настани беа организирани во соработка со Централната банка на Унгарија (Central Bank of Hungary- MNB), Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS) и Регулаторот за осигурување на ЕУ (EIOPA).

Преку организирањето на вакви настани се поттикнува соработката меѓу регулаторните органи и се придонесува за понатамошен развој и унапредување на функцијата на супервизорските тела.

 

Фотогалерии од настаните