Имајќи ги предвид национално утврдените мерки за превенција од ширење на корона вирус, Агенцијата за супервизија на осигурување презема конкретни мерки и активности за заштита на здравјето на своите вработени и здравјето на заедницата.

Тргнувајќи од овие цели, преземени се активности и мерки на остварување непрекинатост во работењето. Мерките се однесуваат на интерната комуникација во Агенцијата за супервизија на осигурување и исто така, на остварување на комуникација со надворешни лица.

Во претстојниот период:

– откажано е спроведување на обуки за застапници во осигурување и осигурителни брокери и електронско полагање на испитите,

– откажани се планираните активностите на спроведување теренски супервизии,

– откажани се учества на вработените на конференции, семинари и обуки организирани од страна на надворешни субјекти,

– откажани се сите настани организирани од Агенцијата, како и состаноци и други видови средби со надворешни субјекти,

– се откажуваат планираните посети за финансиска едукација,

– за упатување прашања, консултации и дописи до Агенцијата за супервизија на осигурување, да не се доаѓа лично во просториите на Агенцијата, тоа може да се оствари преку е-адресата contact@aso.mk или на телефонскиот број  02/3254 050.

 

Агенцијата за супервизија на осигурување на редовна основа го следи и анализира влијанието од ризикот од ширење на болеста COVID 19 (корона вирус) и согласно потребите ќе презема соодветни мерки и активности.