Врз основа на Одлуката за објавување конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурување ‒ 1 ноември и одобрување средства број 02-5341/2 од 21.9.2020 година, Агенцијата за супервизија на осигурување, Република Северна Македонија објавува
КОНКУРС за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурување ‒ 1 ноември
Тема и услови на конкурсот за учениците од основното образование
- Учениците од основното образование, од 1 до 5 одделение може да испратат ликовна творба на зададена тема:
Ликовна творба – “Осигурувањето како заштита на мојата иднина’’
- Учениците од основното образование, од 6 до 9 одделение може да испратат литературна творба на зададена тема:
Литературна творба – ’’Полисата за осигурување е моја инвестиција’’
За избраните најдобри творби на учениците од основно образование ќе им бидат доделени вкупно 6 награди, и тоа:
- 3 награди за најдобра ликовна творба ‒ цртеж/дигитален цртеж за учениците од 1 до 5 одделение;
- 3 награди за најдобра литературна творба – песна за учениците од 6 до 9 одделение;
На учениците чиишто творби се наградени ќе им биде доделена парична награда во износ од 3.000,00 денари за најдобра литературна и ликовна творба, со депонирање на паричната награда во банка по нивен избор.
Тема и услови на конкурсот за учениците од средно образование
Учениците од средното образование може да учествуваат на конкурсот со испраќање на литературна творба ‒ расказ/есеј на зададена тема:
„Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е моја финансиска безбедност и заштита “
За избраните најдобри творби на учениците од средното образование ќе им бидат доделени вкупно 3 награди за најдобар расказ/есеј. На учениците чиишто творби се наградени, ќе им биде доделена парична награда во износ од 6.000,00 денари со депонирање на паричната награда во банка по нивен избор.
Целосниот конкурс и условите за аплицирање можете да ги погледнете на следниот линк.
Запознајте се подетално со осигурувањето!
- Погледнете како функционира осигурувањето преку нашиот портал за едукација!
- Погледнете зашто е потребно осигурувањето можете да најдете во Водичот за лични финансии „Паметно управување со парите“ на страна 67 (Дел 5)