Во рамки на претстојниот твининг проект со ЕУ – MK12/IB/FI/01 “Понатамошно усогласување со ЕУ во областа на осигурување и зголемување на пазарните операции“ помеѓу Република Македонија и Кралството Шпанија се распишува конкурс за 2 работни позиции за помошник-преведувач во канцеларијата на резидентниот твининг советник.
Проектот е предвиден да трае 18 месеци.
Проектот ќе се спроведува преку Министерство за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија.
Рокот за поднесување апликации за конкурсот е 30 октомври 2015 година до 12 часот.
Линк до огласот на англиски јазик.