На иницијатива на Агенцијата за супервизија на осигурување, на ден 22 ноември, 2010 година во седиштето на Агенцијата, се оддржа работна средба на тема “Примената на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди во Република Македонија”.

 

На средбата присуствуваа претставници од Националното Биро за осигурување, друштвата за осигурување членки на Бирото, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за заштита на сообраќајот на патиштата. Целта на оваа средба беше да се дискутира за функцијата и практичната примена на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди, се во насока на брза и ефикасна асистенција на крајните корисници односно осигурениците на моторни возила.

 

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата г. Климе Попоски ја отвори средбата и им посака добредојде на учесниците. Странскиот експерт од областа на осигурувањето г. Jean-Pierre Daniel кој е во подолг ангажман во Агенцијата, изврши Презентација за искуствата на Европскиот пазар.

 

По неговото излагање следеше плодна дискусија и сето тоа допринесе за носење на заклучоци во насока на креирање на стратегија за понатамошна успешна имплементација на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди во Република Македонија.