Од досегашното работење на друштвата за осигурување и спроведените супервизии, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), утврди дека Условите за осигурување во класата на осигурување 1 – осигурување од несреќен случај (незгода) на друштвата за осигурување кои вршат работи во групата на неживотно осигурување, меѓу другите ризици (смрт како последица на несреќен случај, трајна загуба на општата работна способност, преодна неспособност за работа, влошено здравје), најчесто во делот на колективните осигурувања, покриваат и ризик смрт како последица на болест кој според природата, карактеристиките и актуарските начела припаѓа на ризици кои се опфатени во класата 19 – осигурување на живот во случај на смрт од член 5 од ЗСО. Истиот ризик несоодветно е вклучен и во Условите за осигурување во класата на осигурување 14 – Осигурување на кредити на некои од друштвата за осигурување кои вршат работи во групата на неживотно осигурување. Во насока на обезбедување работењето на друштвата за осигурување да е согласно Законот за супервизија на осигурување и заради овозможување на услови за фер конкуренција, АСО преку циркуларен допис даде појаснување и насоки до друштвата за осигурување.На линкот се деталите и содржината на циркуларот.
Posted by Tijana Kiselicka
Соопштенија