Во среда, 29 септември 2010 година (во 11:00 часот) специјалниот претставник на Европската Унија и шефот на Делегацијата Амбасадорот Ерван Фуере ја посети Агенцијата за супервизија на осигурување.
Посетата од страна на Амбасадорот е со цел поблиско запознавање со активностите што Агенцијата ги презема во рамки на техничката помош обезбедена од европските фондови согласно ИПА Програмата.Тековно Агенцијата е корисник на овие фондови и како резултат на тоа ќе реализира бројни активности кои ќе резултираат со носење на акти, правилници и упатства од областа на осигурувањето и супервизијата.
Ова е прва посета на Амбасадорот во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување. Во рамки на посетата Амбасадорот имаше можност да се запознае со активностите на Агенцијата како и непосредно да се сретне со вработените и да ги разгледа новите простории на Агенцијата.
Потоа, Амбасадорот и Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата г. Климе Попоски дадоа изјави за работењето на регулаторното тело, неговите надлежности на пазарот на осигурување како и предизвиците.