На свечена церемонија во Народната банка на Србија, на 26 октомври, гувернерот на Народната банка на Србија, г-ѓа Јоргованка Табакович и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Со Меморандумот се уредува соработката и размената на информации и податоци во областа на спроведување супервизија во осигурувањето. Со прифаќање на поканата за потпишување на Меморандумот, Народната банка на Србија отворено ја покажа својата отвореност за регионална соработка.
Имајќи предвид дека пазарите на осигурување во нашите земји се соочуваат со слични предизвици, соработката ќе придонесе преку размена на искуство, пракса и знаење значително да се унапреди работењето на нашите институции и да се овозможи сеопфатна заштита на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги.