Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека во 2021 година планира да организира обука и полагање на стручен стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).

Се повикуваат сите лица кои се заинтересирани и имаат намера да учествуваат на обуката и полагање на стручниот испит за брокер, најдоцна до 20.1.2021 година до Агенцијата за супервизија на осигурување, по електронски пат, да пријават интерес за учество на обуката и полагање на стручниот испит за брокер со доставување на Известување за пријавување на интерeс (пријавата е на следниот линк) на следната електронска адреса: contact@aso.mk.

Во продолжение се наведени условите, начинот и постапката за спроведување на стручниот испит за брокер:

НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ

Наставната програма за спроведување на Стручниот испит за брокер  се состои од следните предмети:

  1. Основи на управување со ризик и осигурување;
  2. Законска регулатива од областа на осигурување;
  3. Трговско и облигационо право;
  4. Посредување во осигурување и етички кодекс;
  5. Осигурување на живот;
  6. Неживотно осигурување;
  7. Финансиски аспекти на работењето;
  8. Снимање на ризик и посредување при реализирање на штети; и
  9. Реосигурување.

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА И ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ

Деталната содржина на секој од модулите од обуката за брокер е разработена во Наставната програма за полагање стручен испит за брокер која ја утврдува Агенцијата и во која се содржани градивото, прописите и литературата. Наставната Програма е објавена на веб страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Начинот и постапката за спроведување на обуката и стручниот испит за брокер детално се пропишани со Правилникот за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.47/2019, 35/2020 и 280/2020).

Кандидатите кои успешно ќе го положат стручниот испит за брокер ќе се здобијат со Уверение за положен стручен испит за брокер.

Кандидатите кои три пати едноподруго нема да го положат стручниот испит за брокер, го губат правото за повторно полагање на испитот предвиден со обуката.

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА И ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ

Обуката и стручниот испит за брокер ќе ја спроведуваат едукатори (предавачи) ангажирани од страна на Агенцијата.

Стручниот испит ќе се спроведува он-лајн со користење на соодветна интернет платформа.

РАСПОРЕД НА ПРЕДАВАЊА И ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитите ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот по секој поединечен предмет.

НАДОМЕСТОК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКАТА И ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ

За учество на обуката и полагање на стручниот испит, кандидатите плаќаат надоместок во износ од 14.000 денари согласно Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата.

Кандидатите кои ќе пријават интерес за учество на обуката и полагање на стручниот испит и за кои ќе се утврди дека ги исполнуваат условите, се должни да го платат надоместокот најдоцна 15 дена пред денот предвиден за почеток на обуката и стручниот испит.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ОБУКАТА И ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ

Право на учество на обука и полагање на стручен испит има лице кое има завршено завршено четиригодишно средно образование (IV степен) или повисок степен на образование.

СООПШТЕНИЕ (ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО)

Агенцијата со оглас во дневен печат и на својата веб страна ќе ги извести заинтересираните кандидати за организирање на обука и стручен испит како и за времето и местото на одржување на обуката и стручниот испит.