ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) како контролор на збирки на лични податоци ги презема сите пропишани технички и организациски мерки за заштита на личните податоци и против нивната злоупотреба.
Личните податоци се обработуваат согласно Законот, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци (законитост, правичност и транспарентност). Обработка на личните податоци може да се врши по претходно добиена согласност од субјектот на личните податоци. Секое лице што има пристап до лични податоци е должно да ги почитува начелата за заштита на личните податоци, да обезбеди тајност и заштита на обработката на лични податоци и истите да ги чува како доверливи. За таа цел, АСО применува соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци или нивно случајно губење. Согласно Законот, АСО во насока на спроведување на соодветните мерки при обработка на личните податоци, како и усогласеност со законските одредби, определува лице за заштита на личните податоци.
Прибирање лични податоци
Преглед на интернет страницата на АСО (www.aso.mk/www.edukacija.aso.mk ) е анонимно и на тој начин не собира податоци кои ќе овозможат ваша лична идентификација како име, презиме, адреса, телефонски број или е-маил адреса (лични податоци).
АСО автоматски собира податоци за вашиот компјутер. Овие податоци може да вклучуваат вашата IP адреса, тип на прелистувач, име на домен, време на пристап и веб-страници.
Единствените лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на пазарот на осигурување, обезбедување на повратни информации, поднесување на барања и поднесување на соодветен коментар во делот Акти за јавна расправа.
Вашите лични податоци ги собираме директно од Вас. Во времето на собирање, ќе бидете информирани за специфичните цели за кои Вашите лични податоци се собираат. Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи: Ваше користење на нашата веб страна, преку нашиот email: contact@aso.mk, преку редовна пошта, усмено.
Од овие информации од сесијата не се открива идентитетот на поединецот и се чуваат и се користат само со цел да се произведат статистички извештаи коишто ќе ѝ овозможат на Агенцијата да ја подобри својата веб-страница.
Кои се Вашите права?
Вашите права на увид во збирките на лични податоци, дополнување, измена и бришење на личните податоци, спречување на користење на личните податоци, можете да ги остварите со поднесување на барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до АСО, на следната адреса: Ул. Македонија бр.25 , Палата Лазар Поп Трајков, кат 5, 1000 Скопје.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да ги контактирате нашето овластено лице за заштита на лични податоци, на следниов e-mail: ratka.celakovski@aso.mk, marsida.petrofski-trajko@aso.mk
Согласност за собирање на лични податоци
Со запознавањето со оваа политика и последователното упатување на нашите интернет услуги, корисниците даваат согласност за начинот на обезбедување на услугите на АСО, преку формите за комуникација достапни на нашата веб страна.
Колачиња (Cookies)
На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се состојат од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате.
Колачињата не зачувуваат какви било лични податоци, како што се Вашето име или адреса. На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следните причини: за техничко функционирање на страницата, за собирање на збирни, анонимни статистички податоци, за запомнување на Ваши преференции како да се прикажува страницата (како на пример контрастот на бојата или големина на фонтот).
Можете да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата или да Ве предупреди секогаш кога колачињата ќе се пратат. Доколку ја одберете таа можност, одредени делови од веб-страницата може да не функционираат како што е предвидено.