Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите пријавени за учество на обука и полагање на стручен испит за брокер во мартовската едукативно испитна сесија (врз основа на објавено Соопштение за спроведување на обука и стручен испит на ден 2.3.2020 година), дека обуката за стручен испит за брокер во организација на Агенцијата, ќе се организира онлајн  во времетраење од 9 дена (вкупно 27 наставни часа) и ќе се спроведе во периодот 9.9.2020-11.9.2020 и 14.9.2020-19.9.2020 година, во термин од 17-20 часот.

 

Деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката, како и подетални информации во врска со начинот на спроведување на обуката ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката.

 

По завршување на обуката, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за брокер.  Датумите за полагање на стручниот испит за брокер се следните:

 

Прв дел (теоретски дел) на 14.10.2020 година 

Втор дел (практичен пример) на 30.10.2020 година

 

Кандидатите кои нема да го положат стручниот испит за брокер со првото полагање имаат право на две повторни полагања на испитот во рок од 6 месеци од денот на завршување на обуката и тоа во следните термини:

 

Второ полагање

Прв дел (теоретски дел) на 27.11.2020 година

Втор дел (практичен пример) на 15.12.2020 година.

 

Трето полагање

              Прв дел (теоретски дел) на 30.12.2020 година.

              Втор дел (практичен пример) – дополнително ќе следи известување за термин кој ќе биде во текот на јануари 2021 година.

 

Стручниот испит за брокер ќе се спроведува во просториите на Испитниот Центар кои се наоѓаат во Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје, адреса Бул. Гоце Делчев 9б, 1000 Скопје.

 

Доколку евентуално дојде до измена на објавените термини за спроведување на обука и полагање на стручен испит за брокер, Агенцијата за супервизија на осигурување навремено ќе ги извести пријавените кандидати.

 

Агенција за супервизија на осигурување