- Записник од 32-та седница на СнЕ на АСО одржана на 21 ноември, 2025 година,
- Одлука во однос на неусогласеноста на Кроација Oсигурување АД- Друштво за неживотно осигурување Скопје со членот 124 став (2) од Законот за супервизија на осигурување,
- Одлука во однос на неусогласеноста на Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА со член 5 став (3) од Правилникот за начинот на постапување по претставки поднесени до Агенцијата за супервизија на осигурување од осигурениците, од корисниците на осигурување и од трети оштетени лица,
- Барање од страна на акционерското друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Скопје за добивање согласност за вршење на функцијата Извршен член на Одборот на директори на друштвото за лицето Славчо Таушанов и донесување на решение,
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на Управен одбор на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје на лицето Агрон Таири и донесување на решение,
- Извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за годишна вонтеренска проценка на ризик на субјектите на супервизија од аспект на спречување на перење пари и финансирање на тероризам за 2024 година,
- Информација за финансиската состојба, статистички и финансиски остварувања на друштвата за осигурување во периодот 1.1.-30.9.2025 година (трет квартал 2025 – 3к2025),
- Барање за добивање согласност Друштвото за ревизорски услуги ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје за 2025 година и донесување на решение,
- Барање за добивање согласност Друштвото за ревизорски услуги ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје за 2025 година и донесување на решение,
- Барање за добивање согласност за вршење работи на застапување во осигурвање од страна на Централна Кооперативна Банка АД Скопје и донесување решение,
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон Кроација Oсигурување АД – Друштво за неживотно осигурување Скопје.
Posted by Tijana Kiselicka
Седници на совет