Во текот на одбележувањето на Деновите на финансиската писменост во периодот 29 до 31 мај 2019 година, на платото пред седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување, на адреса ул. Македонија број 25 Палата Лазар Поп Трајков во периодот од 11 до 13 часот ќе постави инфо-пулт, на кој, сите заинтересирани граѓани (минувачи) ќе можат да се информираат за прашања во врска со работата на Агенцијата како регулаторна институција на пазарот на осигурување и нејзините надлежности, заштитата на правата на осигурениците, контролата и супервизијата врз друштвата за осигурување, посредниците во осигурувањето и другите учесници на осигурителниот пазар, како и останати прашања кои граѓаните ги интересираат а се во надлежност на Агенцијата за супервизија на осигурување.

poster

Имено ја информираме јавноста дека субјектите на пазарот на осигурување (друштвата за осигурување, посредниците во осигурувањето) ќе се приклучат во одбележувањето на оваа манифестација и истите ќе бидат достапни на граѓаните кои имаат интерес и прашања од областа на осигурувањето и договорите за осигурување (полиси).