На седницата одржана на 8 октомври 2020 година, Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување заклучи дека препораката субјектите на супервизија да се воздржат од распределба на добивката во форма на дивиденда или други бонуси спрема членови на органи на управување како и да се воздржат од трошење на средствата на друштвата на непродуктивни расходи, во периодот додека трае кризата, останува да важи.
Имено, со појавата на пандемијата поради COVID-19, Советот на експерти на Агенцијата, на седница одржана на 20 март 2020 година, усвои неколку заклучоци и препораки, меѓу кои и горенаведената препорака.
Имајќи ги предвид условите за работење и неизвесноста во развојот на пандемијата, како и присутните ризици по финансиското здравје на субјектите на супервизија, Агенцијата смета дека доколку друштвата за осигурување, и останатите акционерски друштва – субјекти на супервизијата, се придржуваат кон оваа препорака ќе ја зачуваат солвентноста и ќе бидат во подобра финансиска состојба да одговорат на непредливиот иден развој на ризиците.