Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник) и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).

Обуката за застапник  во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година и 1.10.2016 година. Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките ќе биде објавен на интернет страницата на  Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуките