Со цел зајакнување и продлабочување на соработката меѓу АСО и австрискиот финансиски регулатор ФМА денеска на покана на претседателот на Советот на експерти во работна посета допатува Питер Браумилер, висок претставник на департментот за супервизија на осигурувањето на австрискиот финансиски регулатор ФМА.
Претседателот на Советот на експерти м-р Ели Дракуловска и членовите на советот м-р Александра Дранговска и м-р Горан Здравковски и дел од стручните служби во АСО на средбата разговараа за состојбата на македонскиот осигурителен пазар и разменија мислења со високиот
претставник на ФМА за повеќе актуелни теми меѓу кои се: процесот на хармонизација на нашата регултива со Солвентност 2 стандардите, процесот за имплементацијата на меѓународниот сметководствен стандард ИФРС 17 како и за преземање активности за зајакнување на свесноста за преземање ризици и унапредување на правата на осигурениците и финансиската писменост.
На средбата беше констатирано дека повеќегодишната соработка меѓу двата регулатори е успешна и дека секако има простор и за понатамошно унапредување.