Во периодот 16 – 17 септември 2024 година вработени во стручните служби на Агенцијата беа во работно-едукативна посета на надлежниот осигурителен супервизорски орган на Р.Хрватска – HANFA. Во рамките на воспоставената долгогодишна плодна соработка на нашите две институции, целтта на конкретната посета, реализирана на наше барање, е стекнување на практични знаења, совети, и искуства, околу надлежностите и улогата на осигурителниот супервизорски орган во контролата на примената на барањата на меѓународниот стандард за финансиско известување за договори за осигурување, МСФИ 17.