Агенцијата за супервизија на осигурување продолжува со спроведување на активности насочени кон унапредување на финансиската писменост и подигнување на свеста за значењето на осигурувањето кај младата популација.

Во рамки на овие заложби, беше одржана работилница со ученици од VI-то одделение при ОOУ “Браќа Миладиновци” од Скопје, при што преку интерактивен пристап и реални примери прилагодени на нивната возраст, учениците имаа можност да се запознаат со основните поими на осигурувањето и значењето на потребата од осигурување. Значајна улога има и наставниот кадар со чија посветеност и несебична подршка придонесуваат за успешна реализација на ваквите активности.
Остануваме посветени на континуирано унапредување на финансиската едукација, како важен предуслов за одговорно и информирано однесување на идните генерации.


