Националниот ден на осигурување е симбол на континуираната активност на АСО за подигнување на свесноста на јавноста за важноста на осигурувањето и неговата функција во обезбедување на финансиска сигурност на поединците, семејствата, компаниите.

Календар на Национален Ден на осигурувањето – 1 ноември

Овој ден ја одбележува и годишнината од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Ние ја знаеме потребата од создавање и подобрување на нивото на свесност за различните аспекти на осигурувањето и активно работиме на:

  • Подобрување на заштитата на осигурениците ,
  • Важноста на свеста за осигурување и свеста за иницијативите за услуги на клиентите,
  • Развивање и унапредување на ефикасноста на осигурителниот сектор,
  • Поставување механизам за решавање спорови,
  • Регулирање на посредниците во осигурувањето…

 

Свеста за осигурувањето игра клучна улога во обезбедување заштита на осигурениците, и во развојот на осигурителниот сектор.

Нашите активности се насочени кон различни интересни групи,  со особен акцент на младата популација и учениците:

–              ги вклопуваме младите во процесот на едукација преку посети на училишта и факултети и стремиме да го презентираме практичниот аспект од финансиската едукација и да делуваме како надополнување на формалното образование,

–              подготвуваме едукативни брошури;

–              спроведуваме Конкурси:

Конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурувањето ‒ 1 ноември;

Конкурс за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување;

  • присуствуваме на трибини, форуми, ТВ емисии и др.
  • организираме конференции, семинари, работилници;