Со цел уредување на начин и постапка на редовна (континуирана) оценка на исполнување на условите за член на орган на управување и член на надзорен орган во друштво за осигурување како и акционер со квалификувано учество во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво и друштво за застапување во осигурување пропишани со Законот за супервизија на осигурување, Законот за трговските друштва и останатите прописи, не само во фазата на именување (избор) на лицето односно во фазата на стекнување на квалификуваното учество туку и во континуитет додека лицето ја врши функцијата односно поседува квалификувано учество во субјектот, Агенцијата за супервизија на осигурување изготви:
- Предлог Правилник за начинот и постапката на спроведување на оценка на соодветноста на член на надзорен орган на друштво за осигурување и известување до Агенцијата за супервизија на осигурување;
- Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласности.
- Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација и начинот за стекнување квалификувано учество во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво и друштво за застапување во осигурување.
Се повикуваат заинтересираните лица до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) да достават коментари и забелешки по однос на предлог правилниците најдоцна до 17.10.2022 година на следната електронска адреса: contact@aso.mk со назнака: Коментари (забелешки) по Предлог Правилници.