Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и годинава активно се приклучува во глобалната акција за подигнување на свесноста на населението за потребата од осигурување, во рамки на Глобалната недела на парите:
За вас, почитувани читатели, ценети сограѓани и сограѓанки, актуелни и потенцијални осигуреници подготвивме бројни и богати едукативни содржини кои ќе ви помогнат да ги надградите вашите познавања за осигурувањето.
Осигурувањето не е луксуз ниту трошок, осигурувањето е потреба која обезбедува финансиска сигурност и материјална благосостојба за вас и за вашите најмили. Затоа низ поучни и лесно разбирливи едукативни содржини научете зошто ви е потребно осигурувањето за вас и вашите најблиски.
Во седмицата што е пред нас, во рамки на Глобаалната недела на парите која се одржува под мотото „Заштити ги своите пари, осигурај ја својата иднина“, ќе споделуваме повеќе едукативно-информативни содржини кои ќе придонесат за зајакнување на свесноста за потребата од осигурување, за вашите права како осигуреници и за тоа како да одберете осигурување согласно вашите потреби. По иницијатива на АСО, во овој глобален настан активно и масовно се вклучуваат и субјектите од осигурителната индустрија односно осигурителните компании и осигуртелно-брокерските друштва.
За повеќе да се информирате посетете го нашиот едукативен сајт www.edukacija.aso.mk.
Повелете, приклучете се и проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето.
Не заборавајте да не следите на профилите на АСО на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Линкдин“