Регионалната соработка меѓу регулаторите во осигурувањето е многу значајна за реформските процеси кои во континуитет ја зајакнуваат заштитата на осигурениците и нивните права.


Со цел продлабочување, проширување и зајакнување на регионалната соработка меѓу регулаторите во осигурителната дејност, на поканата на Ели Дракуловска, претседател на Советот на АСО, денеска во Скопје на работна средба допатува високото раководство на федералната Агенцијата за надзор врз осигурувањето (АНО) на Босна и Херцеговина предводена од директорот Иван Лубуриќ, во состав Мирјана Вегар, помошник директор,  Алма Смаилагиќ помошник директор за надзор врз друштвата за осигурување и за заштитниот фонд, Един Тасо помошник директор за надзор врз посредници во осигурување.

Членовите на Советот на АСО Ели Дракуловска, Александра Дранговска и Горан Здравковски заедно со претставници на стручните служби на билатералната средба со претставниците на АНО  разговараа за регионалните аспекти на актуелните теми кои произлегуваат од предизвици за имплементација на регулаторните стандардите на ЕУ во областа на осигурувањето.

Размената на искуства и мислења за тековни и актуелните реформски процеси во двете земји даде идеи и простор за зајакнување на соработката која двете страни ја оценија како успешна.