Договор за осигурување на имот се склучува за да го заштитите вашиот имот.
 
Со осигурување на имот добивате обесштетување во случај на настанување на штета на вашиот имот. Обесштетувањето неможе да биде поголемо од штетата која осигуреникот ја претрпел. 
 
Кај осигурувањето на посеви и плодови, обесштетувањето се утврдува согласно вредноста што би ја имале посевите и плодовите во времето на собирањето.
 
Напомена: При утврдување на обесштетувањето се зема предвид и пропуштената добивка но под услов ако тоа е договорено.
 
Ако во текот на ист период на осигурувањето настанат повеќе штети еден по друг, обесштетувањето за секоја од нив се определува и исплатува во целост со оглед на сумата на осигурување, без нејзино намалување за износот на порано исплатените штети во тој период.
 
Осигурителни поими: 
–              Осигурувач – е друштво за осигурување 
–              Договарач на осигурување е лице што со друштвото за осигурување склучува договор за осигурување (полиса) 
–              Премија на осигурување е износ што договарачот на осигурување го плаќа врз основа на  склучениот дговор
–              Сума на осигурување е износ на кој имотот е осигурен
–              Лист на покритие е потврда што привремено ја заменува полисата
–              Полиса е документ со кој се потврдува постоење на договорот за осигурување
 
Важно: Кога купувате полиса за осигурување на имот задолжително побарајте друштвото за осигурување да ви ги даде Условите за осигурување кои се применуваат за осигурување на имот. Внимателно прочитајте ги!