Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските  регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании.

Заради пандемијата, оваа година Деновите на финансиската писменост ќе бидат организирани главно преку едукативни содржини на интернет страниците, како и едукативни интернет предавања и презентации.

Агенцијата за супервизија на осигурување, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, упатува

ЈАВЕН ПОВИК

до сите заинтересирани граѓани

за присуство на едукативна презентација преку интернет врска на тема:

–       Улогата и функцијата на Агенцијата за супервизија на осигурување

Презентацијата ќе се одржи преку интернет. Наменета  е за слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења, ќе ги опфати основните и подеталните аспекти од работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Заради организирање на презентацијата во зависност од искажаниот интерес од граѓаните, сите заинтересирани лица треба да го најават своето присуство преку порака на:

–       е-адресата: contact@aso.mk