Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер во мартовската едукативно испитна сесија, дека согласно принципот прв дојден прв услужен, следните лица кои ги исполнуваат условите за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно осигурителен брокер, ќе може да ја следат обуката и да полагаат стручен испит во мартовската едукативно испитна сесија:
Список на лица за учество на обука и стручен испит за застапник во осигурување; Список на лица за учество на обука и стручен испит за осигурителен брокер; Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.3.2018 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.3.2018 година и 31.3.2018 година. Деталниот распоред на предавањата и списокот на лица за учество на обука и стручен испит за застапник во осигурување односно за осигурителен брокер можете да го најдете на следниот линк: Распоред на предавања за застапници на осигурување; Распоред на предавања за осигурителни брокери. Обуката за застапници односно осигурителни брокери ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет (Бул. Свети Климент Охридски бр. 68 – Скопје). |
Posted by unet
Соопштенија