К   О   Н   К   У   Р   С

за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година

 

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2014 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.

Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.

Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:

– апстракт;

– осврт на консултираната литература од областа која се истражува;

– опис на методите на истражување кои се користат во трудот;

– анализа;

– заклучни согледувања и

– библиографија.

Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2014 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.