Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2020 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија.

Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000 денари.

Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:

  • апстракт;
  • осврт на консултираната современа странска и домашна, научна и експертска литература од областа која се истражува;
  • опис на научно истражувачката методологија која се користи во трудот;
  • анализа;
  • заклучни согледувања и
  • библиографија.

 

Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2020 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.

Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик.

Повеќе (линк)