АСО оддржа едукативна работилница за учениците од 7 и 9 одделение во ОУ Гоце Делчев, во Демир Хисар, посветена на основите на осигурувањето и улогата на АСО како регулатор.

Преку интерактивен и на возраста прилагоден пристап, учениците имаа можност да научат како осигурувањето помага во секојдневниот живот и зошто е важно да бидат финансиски одговорни уште од најмалата возраст.