Обука за брокери

Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).

Обуката за брокер во времетраење од 9 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се организира онлајн и ќе се спроведе во периодот 12.9.2022-16.9.2022 година, 19.9.2022-22.9.2022 година во термин од 17-20 часот.

Деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката, како и подетални информации во врска со начинот на спроведување на обуката ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката.

По завршување на обуката, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за брокер. Датумите за полагање на стручниот испит за брокер се следните:

Прв дел (теоретски дел) на 14.10.2022 година
Втор дел (практичен пример) на 03.11.2022 година

Кандидатите кои нема да го положат стручниот испит за брокер со првото полагање имаат право на две повторни полагања на испитот во рок од 6 месеци од денот на завршување на обуката и тоа во следните термини:

Второ полагање
Прв дел (теоретски дел) на 09.11.2022 година
Втор дел (практичен пример) на 02.12.2022 година

Трето полагање
Прв дел (теоретски дел) на 23.12.2022 година
Втор дел (практичен пример) на 24.01.2023 година

Сите заинтересирани лица, најдоцна до 02.09.2022 година, може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за брокер со поднесување на следните документи (со назнака: Пријава за обука/Барање за полагање на испит за брокер) до Агенцијата за супервизија на осигурување (адреса: ул.Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје):
1. Пополнет образец – Пријава за учество на обука за брокер/Барање за полагање на стручен испит за брокер (достапен на интернет-страницата на Агенцијата, или во архивата на Агенцијата);
2. Копија од лична карта;
3. Уверение односно Диплома за завршено четиригодишно средно образование (IV степен) или повисок степен на образование, во оригинал или заверено од овластено лице – нотар; и
4. Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и за полагање на стручниот испит за брокер.

Доколку личното име и презиме на некој од документите наведени погоре не е идентично со оние наведени во Пријавата/Барањето, кандидатот е должен да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме.

Надоместокот за учество на обуката и за полагање на стручниот испит за брокер е утврден во Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата (“Службен весник на Република Македонија” бр.147/2009, 149/2009, 154/2009, 20/2012, 130/2013, 1/2015, 22/2016, 16/2017 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.23/2020) и истиот изнесува 14.000 денари.

Доказот за уплатен надоместок треба да ги содржи следните податоци:

ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: обука и испит за брокер за (име и презиме)
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Агенција за супервизија на осигурување
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: Стопанска банка АД – Скопје
СМЕТКА: 200002007041251
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НЛБ Банка АД – Скопје
СМЕТКА: 210065288480132

Со обуката за брокер се опфатени 9 (девет) подрачја – модули и тоа:
1. Основи на управување со ризик и осигурување;
2. Законска регулатива од областа на осигурување;
3. Трговско и облигационо право;
4. Посредување во осигурување и етички кодекс;
5. Осигурување на живот;
6. Неживотно осигурување;
7. Финансиски аспекти на работењето;
8. Снимање на ризик и посредување при реализирање на штети; и
9. Реосигурување.

Деталната содржина на секој од модулите од обуката за брокер е разработена во Наставната програма за полагање стручен испит за брокер која ја утврдува Агенцијата и во која се содржани градивото, прописите и литературата. Наставната Програма е објавена на веб страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Начинот и постапката за спроведување на обуката и стручниот испит за брокер детално се пропишани со Правилникот за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.47/2019, 35/2020 и 280/2020).

Кандидатите кои успешно ќе го положат стручниот испит за брокер ќе се здобијат со Уверение за положен стручен испит за брокер.

Кандидатите кои три пати едноподруго нема да го положат стручниот испит за застапник, го губат правото за повторно полагање на испитот предвиден со обуката.

 

НАПОМЕНА:
Поради ограничените капацитети за спроведување на стручниот испит, бројот на кандидатите за учество на обуката односно испитот е ограничен, па пријавувањето ќе се врши согласно принципот прв дојден-прв услужен.

Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит кои ќе бидат доставени по пополнувањето на максималниот можен број на кандидати како и пријавите/барањата кои ќе бидат доставени по истек на рокот за доставување на истите, нема да бидат земени предвид.

АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ

АРХИВА – ЛИНК

    Facebook
    LinkedIn