Финансиските регулаторни тела АСО, МАПАС, КХВ, НБРСМ и Министертвото за финансии ги
утврдија Компетенциите за финаниска едукација oдносно сетовите на основите знаења кои во
процесот на финансиска едукација ќе станат достапни за совладување за деца, младинци и
возрасните лица кои ќе бидат опфатени во процесите на финансиската едукација.
Овој едукативен концепт обединува базични знаења за создавање и надградување на
финансиската писменост на населението. Сетовите од основни знаења од финансиските области
се интегрирани под работниот наслов „Основни компетенции на финансиската едукација“ и се
усвоени од Координациското тело за финансиска писменост на финансиските регулаторни
институции Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност
(КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Со овој циклус продолжуваат активностите за спроведување на Стратегијата за финансиска
едукација и финансиска инклузија, усвоена во јули 2021 година.
Основните компетенции на финансиската едукација ги опфаќаат основните знаења, вештини,
ставови, мотивации и однесувања во однос на финансиите коишто би требало да ги поседуваат
лицата во различни фази од животот. Рамката за финансиски компетенции според возраста на
населението ги опфаќа финансиските компетенции за учениците од основното и од средното
образование и финансиските компетенции за возрасното население. Клучни компоненти на
рамката за финансиските компетенции се: знаењето и вештините; ставовите; мотивациите и
однесувањето. Знаењето и вештините опфаќаат осум теми, од различни финасиски сегменти: 1.
Пари и банкарство; 2. Приходи и оданочување; 3. Финансиско планирање; 4. Штедење и
инвестирање; 5. Трошење и кредити; 6. Права и одговорности на потрошувачите; 7. Пензиска
заштеда; и 8. Ризици и осигурување.
Рамката за финансиски компетенции може да ја користат различни организации и институции во
земјата (финансиски регулатори, граѓански организации, приватни финансиски институции и други
иниституции и организации) кои обезбедуваат финансиска едукација на различни возрасни групи
од делокругот на нивното работење, или пошироко од областа на финансиите. Сепак, рамката за
финансиски компетенции не претставува конкретна наставна програма и не пропишува конкретни
теми од областа на финансиското образование. Рамката за финансиски комптенции е наменета за
даватели на образовни услуги во рамки на неформалното образование и се очекува давателите на
финансиска едукација да ги следат дефинираните финансиски компетенции при изготвувањето на
нивните едукативни програми за соодветните возрасни групи од областа на финансиите.
Основните компетенции на финансиската едукација се изработени врз основа на препораките на
ИНФЕ-ОЕЦД и имаат за цел да послужат како основа при изготвувањето едукативни програми за
разни возрасни групи од областа на финансиите од страна на сите вклучени даватели на
образовни услуги во рамки на неформалното образование.
Финансиските регулатори ги повикуваат субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто
остваруваат активности за финансиска едукација да се запознаат со Основните компетенции на
финансиска едукација и да се приклучат кон иницијативата за координиран пристап во
реализирањето на едукативните активности за финансиска едукација во земјатa
Повеќе: Компетенции за финансиска едукација