Агенцијата за супервизија на осигурување информира дека Основниот суд Битола на рочиште одржано на 15 мај 2025 година донесе Решение за усвојување на предлогот за отворање стечајна постапка за СН Осигурителен брокер АД Битола со седиште на ул. „Димитар Илевски – Мурато“ бр.5 Битола.

Решението е достапно на следниот линк  https://www.seinet.com.mk/document/73058

Агенцијата за супервизија на осигурување ја следи постапката и ги презема сите неопходни активности за заштита на интересите на осигурениците и осигурителниот пазар.

За понатамошни информации, јавноста ќе биде навремено известена.