Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука за вршење работи на застапување во осигурување и обука за вршење осигурително брокерски работи.

Обуката за вршење работи на застапување во осигурување во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 23, 24 и 25 Април 2015 година а обуката за вршење осигурително брокерски работи во времетраење од 5 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 23, 24, 25, 27 и 29 Април 2015 година. Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките ќе биде објавен на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуките.

Во рок од најмалку 15 дена од денот на завршување на обуките, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи. Точниот термин за полагање на стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно стручниот испит за вршење осигурително брокерски работи ќе биде објавен на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување најмалку во рок од 3 дена пред одржување на стручниот испит.