Вработени од АСО и годинава учествуваа на традиционалните синдикални спортски игри организирани од СФОМ, каде се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини.
Преку вакви активности се поттикнуваат тимскиот дух, меѓусебната соработка и спортските вредности.
Настаните од овој тип придонесуваат и за јакнење на професионалните и човечките релации меѓу вработените.